Баерн Минхен е подготвен да направи голема реконструкција на тимот.
Гигантот од Минхен најавува големи промени во летниот преоден рок. Штедење нема да има, а според зборовите на претседателот на клубот Ули Хенес. Баерн ќе го ина најголемото вложување во историјата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Минхен наредната сезона ќе играат многу нови фудбалери. Посебно ќе се трошат пари на млади фудбалери.
Изјавата на Хенес за германските медиуми е одлична вест за навивачите на Баерн.3
„Сакаме да го подмладиме нашиот тим и ќе вложиме најмногу во историјата на Баерн“, јасно порача првиот човек на германскиот гигант.
Тоа значи дека издвоената сума ќе биде многу поголема од досегашниот рекорд. Баварците во сезоната 2017/2018 потрошија 116 милиони евра на седум нови фудбалери, а толку ќе потрошат сега само на двајца.
За Французите Лукас Хернандез и Бенџамин Павар Баерн ќе плати вкупно 115 милиони евра, а се шпекулира и за уште неколку фудбалери. Вчера се појави вест и дека Баерн е пред обезбедување на потписот на фудбалерот на Лил, Николас Пепе за сума од 80 милиони евра (тука). Голема желба на Баерн е и Калум Хадсон Одои од Челзи, но „сините“ веќе одбија неколку понуди од Германците.