Чоло Симеоне го договори првото засилување за наредната сезона.
Беа елиминирани од Лигата на шампионите и од сонот да го нападнат посакуваниот трофеј на „Ванда Метрополитано“, во Ла Лига заостануваат десет бодови зад Барселона, а натпреварувањето во шпанскиот куп го завршија од поодамна, па во Атлетико мораа да се посветат на плановите за наредната сезона и реконструкцијата на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првото име кое ќе пристигне на лето е – Ектор Ерера!
Во прашање е капитенот на Порто и еден од најблагодарните играчи во португалската Примера кој со Атлетико се договори на соработка на пет сезони. Со оглед дека во април полни 29 години совршено се вклопува во филозофијата на Диего Симеоне во тимот да има искусни фудбалери. Тоа што потпишува договор до 2024 година јасно покажува на планот на овој клуб во тој период да направат големи работи, како на домашна, така и на европска сцена.
Она што е посебно интересно е што Ерера во Атлетико пристигнува без оштета. За два месеци му истекува договорот со Порто, не помогна ниту убедувањето од претседателот Пинто да Коста за Ерера да потпише нов договор со подобри услови. Засега нема информации колку репрезентативецот на Мексико ќе заработува во Мадрид, но извесно е дека клубот од Мадрид без проблем ќе ги исполни неговите барања.
Ектор Ерера се наоѓаше на листата желби на Интер, Јувентус, Рома и Арсенал, но сите нив ги победи Атлетико.
https://www.youtube.com/watch?v=UU1zodqWe9c