Напаѓачот на Пари Сен Жермен Килијан Мбапе е желба на Реал Мадрид за во летниот преоен рок, но „кралевите“ тешко ќе стигнат до потписот на Французинот.
Флорентино Перез го врати Зинедин Зидан и така ги израдува незадоволните навивачите на „Сантијаго Бернабеу“, а сега се очекува во текот на летото да пристигне барем една супер ѕвезда кој би бил лидер на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од главните желби на Перез веќе подолго време е Килијан Мбапе, одличниот напаѓач на француската репрезентација и ПСЖ. Меѓутоа до неговиот потпис на Перез ќе му бие исклучително тешко да стигне.
Сега за француските медиуми за можната продажба на Мбапе зборуваше Насер Ал Келаифи, првиот човек на францускиот гигант и ако судиме според неговите зборови нема ниту најмала шанса Мбапе да го засили Реал Мадрид. Не само за Реал Мадрид тој потенцираше дека нема да го продаде Мбапе ниту за една милијарда евра.
„Го сакате бројот на Килијан Мбапе? Верувајте, не ви би го дал ниту за милијарда евра. Имам јасен и едноставен одговор на тоа прашање – тој останува во Пари Сен Жермен. Не постои цена која би ме натерала да го променам моето мислење“, изјави Келаифи.
Сега ако постоеше некаква надеж дека Мбапе ќе дојде во Мадрид истата скоро и во целост да исчезна. Изгледа дека сепак Перез ќе мора да се насочи кон Еден Азар, за кого англиските медиуми денес пишуваат дека понудата веќе е спремна (тука).