Вчера Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид и сега се очекува клубот од Лондон да тргне во напад на Белгиецот.
Промовирањето на Зидан како тренер на Реал Мадрид сигурно не беше добра вест за Челзи кој прави се за да го задржи Азар во своите редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден Азар подолго време се поврзува со Реал Мадрид и Белгиецот не ја криеше желбата да заигра еден ден за „кралевите“. Освен тоа сега тука повторно е Зидан со кого исто така Азар има голема желба да соработува, а и тој е фудбалер по „мерка“ на Французинот.
Поради таквата ситуација англиските медиуми пишуваат дека понудата веќе е испратена до раководството на Челзи и таа изнесува 100 милиони фунти (117 милиони евр), а во Челзи наводно бараат 15 повеќе. Но, кога се нудат 100 милиони, разликата во тие 15 не би требало да прави проблем.
Иако се пишуваше дека Бејл може да биде вклучен во понудата тоа нема да се случи, Велшанецот не сака трансфер во редовите на „сините“.
Челзи нема премногу избор со Азар, понудата за нов договор ја одби неколку пати, а во Реал наводно ќе заработува како Зидан и Бејл, 15 милиони евра по сезона.
Договорот на Азар истекува наредната сезона, па поголема сума и не можат да добијат од тие стотина милиони, сепак проблем за Челзи ќе биде што клубот е под забрана за купување на играчи од страна на ФИФА.
Chelsea are asking for around £100 million (€117m) for Eden Hazard, but Real Madrid are aiming to get the price down, Goal understands.
The right man for Zinedine Zidane? ? pic.twitter.com/fN4huJ7Dfm
— Goal (@goal) March 12, 2019