Фудбалерите на Арсенал денес стигнаа до предност во натпреварот против Тотенхем во дербито од 29-тото коло во Премиер лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тотенхем создаваше прилики, но Арсенал казни една невнимателнсот и Рамзи после една контра постигна гол за водство од 1:0. Грешката во одбраната на Тотенхем и голот на Рамзи се случија во 16-тата минута од натпреварот.
Потоа Рамзи голот го прослави пред навивачите на Тотенхем, а камерите го снимија како во еден момент говори: Ова е мој еб*н дом!
Играчот на Арсенал алудираше на навредите од навивачите на Тотенхем во минатото коло на „Емирати“.
Тотенхем имаше и голема прилика да стигне до изедначување, но Бернд Лено со две спектакуларни одбрани го спаси својот гол (тука).
„Петлите“ до изедначување стигнаа во вториот дел кога Хари Кејн погоди од пенал.
Goal solo run Ramsey…? pic.twitter.com/PZmAGWeBcH
— AIS Bandung (@AIS_BDG) March 2, 2019