Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери го обвини голманот Кепа за непочитувањето спрема менаџерот Сари откако одби да биде заменет во финалето на Карабао купот против Сити
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Голманот на Челси одлично бранеше на натпреварот, но тренерот Маурисио Сари одлучи да го внесе специјалистот за пенали Кабалеро. Сепак, се случи несекојдневна ситуација и шпанскиот голман одби да излезе од игра, после што Сари збесна.
После натпреварот многумина ја коментираа оваа случка, а свој коментар имаше и Џон Тери:
„Мислам дека требаше да покаже малку повеќе почит спрема својот тренер.“ – рече Тери.
„Тој момент го фрли на страна неговиот одличен настап на денешниот натпревар. Ова е разочарување. Ќе видиме што ќе се случува.“ – додаде Тери.
.