Дома Фудбал Италија Муриел вчера против Интер постигна спектакуларен гол од слободен удар (ВИДЕО)

Муриел вчера против Интер постигна спектакуларен гол од слободен удар (ВИДЕО)

Фиорентина и Интер во возбудлив натпревар ги поделија бодовите 3:3, во рамките на италијанската Серија А, а натпреварот освен со бурниот финиш беше обележан со спектакуларниот гол на Луис Муриел.

Тој изведе слободен удар од околу 25 метри и ја испрати топката директно во горниот десен агол од голот на Хандановиќ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За каква мајсторија се работи можете да погледнете во видеото под текстот:

Ќе потсетиме во финишот од натпреварот во 96-тата минута се случи спорна ситуација кога судијата на главниот натпреварот процени дека Д’Aмбросио играл со рака во шеснаесетникот. Тоа беше трет пат во овој натпревар судијата да бара помош од ВАР.

После прегледувањето на снимките тој досуди пенал, а реализатор беше Џордан Веретоут за конечни 3:3.

Интер после овој натпревар останува на третото место 47 освоени бодови додека Фиорентина е деветта со 36 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ повторно покажува интерес за Јамал. Се споменува сума од 250 милиони евра.

Се чини дека Париз Сен Жермен не се откажува од надежите еден ден да го види Ламин Јамал в…