Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали привремениот тренер на Манчестер Јунајтед за работата што Солскјер ја врши на „Олд Трафорд” во последните два месеци.
Во недела, „црвените ѓаволи” го пречекуваат Ливерпул на „Олд Трафорд” во големото дерби на англискиот фудбал, кое има исклучително значење за амбициите на двата тима.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бодовите се од големо значење за двата тима, Ливерпул се бори за титулата во Премиер лигата, додека Манчестер Јунајтед за пласман во Топ 4.
„Јас сум менаџер и знам дека ние не сме магионичари. Не можеме да дојдеме и да му кажеме на фудбалер ти не си добар, но јас можам да направам да бидеш. Но, ние сме благословени затоа што имаме многу добри фудбалери околу нас, а Оле Гунар Солскјер брилијантно ја врши неговата работа. Се се сведува на тоа да успееш да го извадиш потенцијалот на тимот и да го подобриш неговиот квалитет. Очигледно е дека Солскјер го направи тоа и докажа дека е менаџер за топ клуб “, истакна Клоп.
„Ќе видиме како ќе пристапат против нас. Мислам дека тие можат да играат на различни начини. Сега тие играат многу напред, но и нивниот контранапад претставува огромна закана, особено кога Марсијал и Лингард ќе се опорават и почнат да играат повторно. Постојат неколку начини да им подготвиме ребуси кои нема да се лесни за решение, но тоа ќе биде многу физички дуел во кој и двата тима треба да дадат се од себе“, заклучи Германецот.