Дома Трансфер зона Пелегрини пронајде засилување, фудбалерот на Манчестер Јунајтед на лето во Вест Хем?

Пелегрини пронајде засилување, фудбалерот на Манчестер Јунајтед на лето во Вест Хем?

Вест Хем оваа зима се поврзуваше со многу можни засилувања во нападот, додека, наводно на лето ќе се ја засилат последната линија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пабло Забалета веќе одамна е во доцните играчки години, а се повеќе се зборува и за неговата пензија, па Вест Хем се обидува да пронајде замена за искусниот десен бек. Тренерот Пелегрини ја пронајде метата, па Забалета би можел да го замени искусниот Антонио Валенсија.

Десниот бек на Манчестер Јунајтед може да игра и многу поофанзивно од Забалета, па би бил големо засилување за екипата на Пелегрини, а Вест Хем на лето може да го доведе бесплатно, бидејќи 33-годишниот Еквадорец по завршувањето на оваа сезона му истекува договорот со Јунајтед. Сепак, ќе мора некако да го привлече во своите редови, а тоа најверојатно ќе биде профитабилен договор.

Сепак, Валенсија и понатаму е капитен на Манчестер Јунајтед, но под водство на Солскјер не се наигра. Јунајтед уште оваа зима сакаше да го продаде Валенсија, наводно Фулам испратил понуда, но Еквадорецот го одбил трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…