Се мачеше синоќа Колумбија, се намачи, ама на крајот ги впиша очекуваните бодови и го направи јужноамериканскиот фудбал уште поинтересен. Со победата од 1:0 екипата на Хозе Нестор Пекерман привремено се проби на третата позиција од јужноамериканското квалификациско разигрување за Светското првенство.
Меси и компанија играа дерби против Чиле, кое го добија со минимални 1:0, а во следната рунда Гаучосите одат на гости во Ла Паз, кај Боливија, каде секогаш е тешко да се игра поради надморската висина. После тоа ги очекува дуел до Уругвај. Сега повторно се на третата позиција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Победата на Колумбија е чиста, но стекната со тешка мака. Беа подобри, посебно во второто оплувреме, кога постојано напаѓаа, но автобусот од гостите кој беше паркиран пред нивниот гол беше непробоен. До победоносниот гол Колумбија стигна во 83 минута.