Како што пренесуваат бројни медиуми во Италија и Шпанија, Хамес Родригез на лето би требало да го облече дресот на Наполи.
Колумбиецот ја игра својата втора сезона на позајмица во Баерн, но изгледа дека нема да ја искористи договорената опција со Реал за откупување на неговиот договор од екипата од Шпанија. Во Наполи најавија две или три големи засилувања за следната сезона, а изгледа дека едно ќе биде токму Родригез, кој наводно нема ништо против кариерата да ја продолжи во Наполи поради тренерот Анчелоти со кој соработуваше во Реал.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
За Родригез сериозно беше заинтересиран и Јувентус, но тие се откажа откако што го доведоа Ремзи. Арсенал исто така се повзруваше со Колумбиецот, кој би претставувал засилување за тимот на Емери, но проблем за Арсенал се финансиите и Родригез кариерата ќе ја продолжи на некое друго место.