Расел Вестбрук испиша вчера историја во НБА лигата со навистина спектакуларен натпревар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако неговата Оклахома беше поразена на гостувањето кај Њу Орлеанс со 131:122 чудесниот Вестбрук испиша историја во НБА лигата.
За 39 минути на паркетот Вестбрук стигна до 11-тиот трипл дабл во низа. Имаше 44 поени (18/30), 14 скокови и 11 асистенции. Така го надмина легендарниот Вилт Чемберлејн со кој го делеше рекордот од 10 натпревари во низа со трипл-дабл.
Исто така Вестбрук стана најдобриот стрелец на Оклахома со 18.247 поени и го надмина легендарниот Гери Пајтон.
Сето ова не беше доволно за неговиот тим да слави победа против Њу Орлеанс кој беше предводен од Јулиус Рендл со 33 поени и 11 скокови, додека поен помалку уфрли Џру Холидеј.
https://youtu.be/O_tvy-dIiQw