Дома Топ вести Каталонците тврдат: Барса донесе одлука – Ракитиќ на продажба!

Каталонците тврдат: Барса донесе одлука – Ракитиќ на продажба!

Каталонски „Спорт“, весник кој секогаш е добро известен за случувањата во Барселона, денес ексклузивно пренесе „бомба“ поврзана со Иван Ракитиќ.

Имено, весникот тврди дека Барселона го стопирала сите преговори за продолжување на договорот со Хрватот и одлучила Ракитиќ да го стави на продажба, па дури ја одредиле и неговата цена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракитиќ минатото лето беше многу блиску до трансфер во ПСЖ, кој за неговиот потпис понуди 90 милиони евра, но Барселона не се согласи да го пушти и му вети нов договор со значително зголемување на платата.

Меѓутоа, на „Камп Ноу“ сакаат да го подмладат тимот, веќе го донесоа Френки де Јонг и не сакаат да трошат пари за нов договор на Ракитиќ бидејќи сметаат дека сега е вистинско време да го продадат и да заработат на неговиот трансфер.

Ракитиќ на маса има неколку примамливи понуди, како од Премиер лигата така од Серија А и на лето сигурно нема да има проблем да пронајде нов клуб. Меѓутоа, Барса за 31-годишниот плејмејкер сигурно нема да може да ја добие сумата која и беше нудена минатото лето, а „Спорт“ тврди дека ќе му дозволи да замине за сума од 65 милиони евра.

Ракитиќ минатото лето одби богата понуда од ПСЖ, а сега за неговиот потпис се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Интер, Јувентус и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…