Дома Фудбал Англија „Во еден момент помислив дека се вратил Фергусон“

„Во еден момент помислив дека се вратил Фергусон“

Играта на Манчестер Јунајтед доби нова димензија од кога местото на Мурињо го презема Солскјер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со Норвежанецот на клупата Црвените ѓаволи играат брилијантно и сега се во реална трка за пласман во ЛШ. Јунајтед победи на 10 од 11 натпревари со Солскјер, а искусниот Ешли Јанг е воодушевен.

„Во еден момент помислив дека се вратил Сер Алекс Фергусон. Солскјер точно знае што значи да бидеш дел од Манчестер Јунајтед. Им пренесе на играчите сето она што тогаш на него и неговите играчи им го пренесуваше Алекс.“ – изјави Јанг.

33-годишниот Јанг пред неколку дена потпиша нов договор со Јунајтед. Оваа сезона во 25 настапи постигна еден гол и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дали ова е крајот: Модриќ заминува во пензија по Мундијалот?

Како што јавува шпанскиот „АС”, познатиот Хрват Лука Модриќ повеќе нема да игра фудб…