Дома Фудбал Останато Oбјавена најновата листа: ТОП 10 најплатените фудбалери – Меси далеку пред Роналдо на врвот

Oбјавена најновата листа: ТОП 10 најплатените фудбалери – Меси далеку пред Роналдо на врвот

Денес француски „Л’Екип“ ја објави најновата листа за најплатени играчи во Европа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На врвот на листата Лионел Меси е далеку пред Кристиано Роналдо кој од оваа сезона го носи дресот на Јувентус.

Интересно е што од една од најсилните првенства во Европа, Бундес лигата нема ниту еден претставник помеѓу најплатените 10 играчи во Европа.

Доминира шпанската Ла Лига, Премиер лигата и француската Лига 1 имаат двајца претставници, додека Роналдо е единствениот играч од Серија А.

Во листата на „Л’Eкип“ платите се прикажани во бруто износ за еден месец.

НАЈПЛАТЕНИ ФУДБАЛЕРИ

Лионел Меси – 8.3 милиони евра

Кристиано Роналдо – 4.7 милиони евра

Антоан Гризман – 3.3 милиони евра

Нејмар – 3.1 милиони евра

Луис Суарез – 2.9 милиони евра

Герет Бејл – 2.5 милиони евра

Фелипе Кутињо – 2.3 милиони евра

Алексис Санчез – 2.3 милиони евра

Килијан Мбапе – 1.7 милиони евра

Месут Озил – 1.6 милиони евра

Во Бундес лигата која нема свој претставник во топ 10 најплатен е Роберт Левандовски со 1.3 милиони евра по месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…