Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер даде интересен коментар и буквално ги шокира навивачите на својот поранешен клуб.
Ливерпул синоќа загуби два бода во трката за титулата откако одигра 1-1 против Вест Хем и сега има само 3 бода предност пред Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карагер смета дека тој резултат не е само поради притисокот за титулата, туку и поради лошото издание на некои клучни играчи.
„Милнер изгледа како да не знае која му е позицијата. Кеита е многу платен, а редовно губи топки. Фирмино не личи на себе, а не видовме многу ни од Салах. Постои проблем, не во смисла на притисок туку поради повредите на различните позиции. Не ми се веруваше колку Ливерпул беше лош на последниот натпревар. Сепак, и понатаму е прв на табелата“, истакна Карагер и додаде:
„Веќе кажав дека Манчестер Јунајтед има подобар тим од Ливерпул. Можеби тоа на луѓето ќе му е чудно, но веќе ги гледаме знаците кои тоа може да го потврдат“.