Бившиот тренер на Челзи, Антонио Конте во моментов е без ангажман и силно се поврзува со тренерското столче во Интер.
Вчера тој беше виден пред седиштето на миланскиот гигант, па уште повеќе се засилија шпеклулациите дека ќе го замени Лучијано Спалети во Интер.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Меѓутоа, Конте тврди дека до лето сигурно нема да прифати ниту еден ангажман.
„Со сигурност до лето нема да ме видите во ниту еден клуб. Веќе долго време има шпекулации дека ќе се вратам во Италија, но не сум добил ниту една понуда. На лето ќе проценам која понуда ќе биде најдобар за мене“, изјави Конте.