Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед сакаше да го продаде Валенсија, но тој одбил да си оди

Манчестер Јунајтед сакаше да го продаде Валенсија, но тој одбил да си оди

man united

Манчестер Јунајтед оваа зима не беше активен на трансфер пазарот.

Оле Гунар Солскајер ја води екипата на одличен начин, па управата на тимот процени дека нема никакви потреби да се доведуваат нови фудбалери и дека сезоната може успешно да се заврши со постојаниот кадар. Сепак, она што е добра вест е тоа што Марсијал го продолжи договорот, а вистинските засилувања на „Олд Трафорд“ се очекуваат во текот на летото.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Најавени се и одредени заминувања од „Олд Трафорд“. Меѓу првите ќе си замине и капитенот на клубот, Антонио Валенсија чиј договор истекува на крајот на сезоната и истиот нема да биде продолжен. Искусниот 33-годишен фудбалер беше на продажба и во јануарскиот трансфрер период. Њукасл и Фулам покажаа интерес за неговото доведување, но Валенсија одби да си замине.

Тој сака до крајот на сезоната да биде член на Манчестер Јунајтед и во стил да го заврши својот престој на „Олд Трафорд“, каде што веќе 10 години е во дресот каде што одгира 338 натпревари. Валенсија така како слободен играч на лето ќе има шанса да избере нов клуб, а во следните денови Јунајтед ќе го напушти и Фелаини, кој кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона спрема понуда за ѕвездата на Челзи

Барселона е силно заинтересирана за играчот за врска на Челзи и аргентински репрезентативе…