Актуелниот туркси шампион Галатасарај, денес донесе ново големо засилување кое треба да му помогне на тимот во борбата за титулата.
Станува збор за 27-годишниот сенегалски напаѓач Мбаје Диагне, кој оваа сезона е вистинска сензација во турското првенство.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Диагне оваа сезона во дресот на Кашимпаса на 20 меча постигна 17 гола, а Галатасарај за неговиот потпис плати 10 милиони евра.
Диагне кариерата ја започна во академијата на Јувентус, а потоа беше испраќан на позајмици во Белгија, Франција, Кина…