Арсенал започна преговори со Далиан Јуфанг за трансфер на белгискиот репрезентативце, Јаник Караско, пресуваат англиските медиуми.
„Топџиите“ се насочија кон Караско откако пропаднаа преговорите со Интер за трансфер на Иван Перишиќ. Арсенал го сакаше Хрватот на позајмица, но „нероаѕурите“ ја одбија таквата понуда.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сега Арсенал ќе се обиде да го реализира трансферот на Караско со истата формула, позајмица со право на откуп.
Белгискиот репрезентативец по секоја цена сака да си замине од Кина, па кинескиот клуб веројатно ќе ја прифати понудата на Арсенал.
Караско минатата година се пресели во Кина, каде заработува 10 милиони евра по сезона, но сега сака по секоја цена да се врати во Европа.