Дома Трансфер зона Мата и Ешли Јанг му дадоа „корпа“ на Манчестер Јунајтед

Мата и Ешли Јанг му дадоа „корпа“ на Манчестер Јунајтед

Раководството на Манчестер Јунајтед им предложило нови договори на двајца искусни фудбалери од тимот – Ешли Јанг и Хуан Мата, пренесуваат англиските медиуми.

Меѓутоа, и двајцата фудбалери не се сложиле да стават потпис на новите договори. 33-годишниот Ешли Јанг сака да потпише повеќегодишен договор, а „црвените ѓаволи“ му нудат договор на една сезона. Од друга страна Мата има понуди од Шпанија и Арсенал за кои размислува.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Од почетокот на сезоната Јанг има изиграни 17 меча за „црвените ѓаволи“ со еден постигнат гол, додека Мата зеде учество во 15 меча и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…