Дома Трансфер зона Официјално: Мората е играч на Атлетико Мадрид!

Официјално: Мората е играч на Атлетико Мадрид!

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда – Алваро Мората е нов играч на Атлетико Мадрид.

Мората пристигува во Атлетико на 18-месечна позајмица, а по истекот на позајмицата „јорганџиите“ ќе имаат право да го откупат неговиот договор за 50 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанецот вчера пристигна во Мадрид и откако успешно ги помина лекарските прегледи, денес стави потпис на договорот.

Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Мората не е посакуван во Атлетико, а најверните фанови на „јорганџиите” тоа јасно го покажаа за време на првенствениот дуел против Гетафе.

Пред почетокот на натпреварот, фановите на Атлетико развиорија транспарент на кој пишуваше: „Помалку Мората, повеќе Борха Гарсес“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…