Дома Трансфер зона Ковач нуди 52 милиони евра за 18-годишниот играч на Челзи

Ковач нуди 52 милиони евра за 18-годишниот играч на Челзи

Како што пишуваат англиските медиуми, Баерн испрати понуда на Челзи за 18-годишниот напаѓач Калум Хадсон-Одои.

Одои во неделата ги одигра сите 90 минути во победата на Челзи над Шефилд Венсдеј (3:0), а тоа веројатно му беше и последниот настап за Челзи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Баерн веќе долго време го следи 18-годишниот играч, а управата на Баерн нуди 52 милиони евра за неговиот трансфер. Наводно, Одои е голема желба на Нико Ковач.

Новинарите на ЕСПН го праша Одои дали го одигра последниот натрпевар за Челзи.

„Не знам што ќе се случи, не можам да го потврдам контактот со Баерн, но ќе продолжам напорно да работам и потоа ќе видам што ќе се случи“, изјави Одои.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…