Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ја освои титулата, а потоа се фотографираше со четири тениски легенди – еден од нив му посакуваше пораз (ФОТО)

Ѓоковиќ ја освои титулата, а потоа се фотографираше со четири тениски легенди – еден од нив му посакуваше пораз (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ доминантно стигна до титулата на Австралија Опен откако без поголеми проблеми вчера во финалето го совлада Рафаел Надал.

Австралиската тениска легенда Емерсон посакуваше пораз на Ѓоковиќ во финалето со цел тој да остане прв по бројот на титулите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Не сакам Новак да победи. Немам многу рекорди во моја сопственост во кариерата, а тој е млад и се уште може да постави нови. Ќе се обидам да ја убедам тениската федерација на Австралија да не му дозволи да учествува наредната година“, се пошегува Емерсон пред мечот.

Сепак, после натпреварот откако Ѓоковиќ го освои трофејот тој и уште три легенди (Кен Розвел, Род Лајвер и Френк Сеџмен) се фотографираа со Ѓоковиќ.

За Новак титулата во Мелбурн беше седма во кариерата на овој турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова се двајцата потенцијални нови тренери на Алкараз: Едниот играл 21 пат против Ѓоковиќ, другиот бил прв во светот

По објавата дека Хуан Карлос Фереро веќе не е тренер на Карлос Алкараз, многу тениски експ…