Реал Мадрид наводно е подгтовен да го ангажира германскиот стратег, Јирген Клоп на крајот од оваа сезона.
Како што пренесува шпанскиот „Don Balon“, Реал ќе се обиде да го убеди Клоп да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ со тоа што ќе го направи најплатен тренер во светот. Сепак, се смета дека Германецот нема да си замине од Ливерпул додека не ја постигне целта, а тоа е овојување на некој голем трофеј како што е Премиер лигата или Лигата на Шампионите.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Потсетуваме, тој беше многу успешен во Борусија Дортмунд, каде што два пати ја освои Бундес лигата, а оваа сезона е на добар пат со „Црвените“ да ја освои Премиер лигата со оглед на тоа што екипата од „Енфилд“ во моментов е лидер на табелата. Инаку, Реал Мадрид се уште е под водство на Солари кој доби договор до крајот на актуелната сезона, но се верува дека Аргентинецот нема да остане на клупата по летото, со оглед на тоа што не му оди баш најдобро.
Освен Клоп во последно време како можен тренер на Реал Мадрид најмногу се споменува Жозе Мурињо.