Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јувентус го врати „стариот познаник“, Годин ги завршил прегледите!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јувентус го врати „стариот познаник“, Годин ги завршил прегледите!

До затварањето на јануарскиот трансфер пазар остануваат само уште неколку дена, а во завршницата секогаш е супер интересно – БИДЕТЕ ВО ТЕК и следете се што се случува!

– Според некои информации на медиумите Ливерпул влегува во трката со фудбалерот кој беше пред потпис со Интер, Сандро Тонели. Овој бисер на италијанскиот фудбал важи за „новиот Пирло“. (ОВДЕ)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


– Официјално: Стефано Стураро се врати во Џенова. Џенова се договори со Јувентус за позајмица со право на откуп на крајот од сезоната за 16.5 милиони евра.

– Во финишот од преодниот рок би можеле да видиме размена помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен. Французите го нудат Рабио и плус пари за Ренато Санчез. Во Баерн наводно немаат ништо против, но не е јасно дали Рабио има желба да се пресели во Минхен.

– Изненадување: Јувентус ја разгледува опцијата за ангажман на еден од Мартин Касерес, Бранислав Ивановиќ и Марти Шкртел. Пренесува Џанлука Ди Марцио. Тој што ќе пристигне би требало да биде замена за Мехди Бенатија кој упорен во намерата да замине. Фаворит наводно Касерес кој веќе на два пати го носеше дресот на „старата дама“.

Леонардо размислува за опција да го врати Жерар Делофеу во Милан. Делофеу прикажува одлични настапи во Вотфорд.

– Валенсија испрати официјална понуд до Вест Хем за ангажман на Хавиер Ернандез Чичарито. Вест Хем за Мексиканецот бара помеѓу 12 и 14 милиони евр, додека Шпанците нудт осум. Останува да видиме дали ќе постигнат договор.

Диего Годин веќе ги помина лекрските прегледи и може да се смета за фудбалер на Интер (пристигнува на лето). „Нероаѕурите“ сега тргнуваат во офанзива на Сендрик Сораеш од Саутемптон. Желби се некој од Кристијан Запата и Адриен Силва, а се работи наводно и на трансферот на Николо Барела.

– ГОТОВО: Алан и дефинитивно останува во Наполи! ПСЖ му нудеше три пати поголема плата, но во Неапол беа упорни и бараа 100 милиони евра за неговиот потпис.

– И денес чекаме информации за трансферот на Алваро Мората во Атлетико Мадрид кој е блиску до реализација. Засега останува на тоа дека се чека прво Никола Калиниќ да го напушти Мадрид.

– Според Ромео Агрести трансферот на Мартин Касерес во Јувентус е завршена работа!

– ГОТОВО: Трансферот на Леонардо Пардес во ПСЖ е завршена работи! Фудбалерот се очекува во Доха на лекарски прегледи!

Алан како што споменавме останува во Наполи. Сепак, поради тоа што послабо тренирал поради сите гласини и шпекулации за трансферот во ПСЖ, Карло Анчелоти соопшти дека нема да биде во конкуренција за настап против Милан.

– Германските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд започнала преговори за ангажман на Вилфред Заха. „Милионерите“ очекуваат Заха да биде замената за Пулишиќ.

– За Емерсон Палмери интерес покажуваа Атлетико Мадрид и Јувентус, но Сари потврди дека тој ќе остане во Челзи.

– Дел од медиумите на Островот пишуваат дека Николас Отаменди би можел да се пресели во Барселона

– Повеќе за трансферот на Годин во Интер! (ОВДЕ)

Џенаро Гатузо уште еднаш и ставил до знаење на управата на Интер дека сака да ги задржи Чалханоглу и Кристијан Запата.

– Официјално: Виктор Мозес како позајмен фудбалер до крајот на сезоната ќе настапува во Фенербахче.

Нико Ковач порача дека Ренато Санчез нема шанси да замине од клубот. Ова веројатно значи и дека нема да има ништо од потенцијалната размена со Рабио.

Aсмир Беговиќ изразил желба да го напушти Бурнемоут. Повеќе клубови покажале интерес за неговиот потпис, наводно помеѓу нив е и Манчестер Сити.

– Бидете со нас следуваат уште информации!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …