Тоа што се најавуваше изминатите денови, сега доби потврда – Диего Годин од следната сезона ќе го носи дресот на милански Интер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, долгогодишниот столб на одбраната на Атлетико Мадрид веќе ги поминал лекарските прегледи и ставил потпис на преддоговор со Интер.
Годин следното лето ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен агент, а ќе стави потпис на 3-годишен договор според кој ќе заработува 6 милиони евра по сезона.
Уругваецот е член на „јорганџиите“ од 2010 година, но не успеа да постигне договор за продолжување на соработката и ќе се пресели во Интер како слободен агент.