Милан Скриниар е многу блису до потпишување на нов договор со Интер, потврди самиот фудбалер.
Славачкиот дефанзивец веќе втора сезона со успех го носи дресот на „нероаѕурите“ и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него силен интерес покажуваат неколку европски гиганти, но дефанзивецот е блиску до потпишување на нов договор со Интер, со кој ќе се обврзи на верност до 2023 година.
„Блиску сме до договор со Интер. Сите знаат дека сакам да останам тука. Ќе биде неверојатно да освојувам трофеи со овој тим. Никогаш до сега не сум освоил трофеј, сакам тоа да го направам со Интер“, изјави Скриниар.
„Убаво е кога ќе слушнеш дека те сакаат најголемите клубови во светот, но јас не се раководам според парите. Годин? Тој може да ни помогне да станеме уште посилни. Ќе биде убаво да го имаме во тимот“, додаде словачкиот дефанзивец.
#Skriniar on #Inter contract extension: 'The agreement is close' https://t.co/JkQJY4c0LA pic.twitter.com/ejFJdujcbv
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) January 24, 2019