Арсенал испрати понуда до Манчестер Јунајтед за дефанзивецот Ерик Баи, но „црвените ѓаволи“ веднаш ја отфрлија истата.
„Топџиите“ сакаат да го донесат Баи на позајмица до крајот на сезоната со можност за откуп на лето, но наидоа на „ѕид“ од страна на Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Емери има потреба од засилување во дефанзивната линија бидејќи Холдинг се уште е повреден, а Белерин ја заврши сезоната поради повреда на коленото.
Баи оваа сезона не е прв избор ни кај Мурињо, а ни кај Солскјер, па е спремнен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Меѓутоа, Јунајтед не сака да го засили директниот конкурент и не го пушти Африканецот да се пресели во Арсенал.
Eric Bailly doesn't want to join Arsenal on loan. He wants to stay at Manchester United and prove himself. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/RNQAVtrKN8
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 23, 2019