Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората по се изгледа заминува на позајмица во Атлетико Мадрид каде што ќе игра до крајот на сезонатА, шпанскиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор.
Тренерот на лондонскиот клуб, Маурицио Сари го оставаше Мората на клупата за резерви, а најавеното доаѓање на Гонзало Игуаин дополнително би го влошило неговиот статус во Челзи, поради тоа заминувањето во Атлетико изгледа како логичен избор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според најавите на медиумите во Шпанија, Мората би можел да дебитира за Атлетико против Гетафе.
Челзи го доведе Мората летото 2017 година од Реал Мадрид кога на „кралевите“ им плати 616 милиони евра оштета. Меѓутоа Шпанецот не ги оправда очекувањата и во првата сезона постигна 11 голови, додека оваа сезона на своето конто има само пет погодоци.
https://www.youtube.com/watch?v=2foQB7AF29Y