Неименуван клуб од Саудиска Арабија не жали пари за своите редовите да го доведе Бранислав Ивановиќ.
Поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија, Бранислав Ивановиќ добил богата понуда од Саудиска Арабија да го напушти Зенит, пренесуваат руските медиуми.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според нивните информации Ивановиќ добил понуда за плата помеѓу шест и осум милиони евра. Доколку Ивановиќ ја промени средината и ја прифати понудата ќе стане вториот најплатен српски фудбалер, веднаш зад Немања Матиќ кој добива девет милиони евра по сезона во Манчестер Јунајтед.
Зенит има опција до лето да ја продолжи соработката со Ивановиќ на уште една година кој е незаменлив во стартниот тим, но голем улога во целата приказна ќе има и желбата на 35 годишниот фудбалер.
https://www.youtube.com/watch?v=03xVedJ5o3M&t=9s