Дома Фудбал Добри вести за Барселона: Откриено кога Дембеле се враќа на терените

Добри вести за Барселона: Откриено кога Дембеле се враќа на терените

Барселона синоќа го совлада Леганес со 3:1, а првиот гол на гостите го постигна Дембеле, за подоцна малку потешко од очекуваното да заврши Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, во 69. минута Дембеле заработи непријатна повреда и веднаш го напушти теренот. Тоа ги загрижи навивачите на Бара, а денеска шпанските медиуми соопштија дека Дембеле поради повреда ќе отсуствува две недели.

На почеток се чинеше дека станува збор за потешка повреда, што секако би бил голем проблем за лидерот на шпанското првенство, но црните сомневања не беа точни.

Дембеле оваа сезона во сите натпреварувања постигна 13 гола, а во Барса пристигна од Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тер Штеген се согласи да ја замени Барселона со друг европски гигант

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, се согласи да биде позајмен во Ајакс, јавува…