Дома Фудбал Останато БОМБА: Белград кандидат за домаќин во финале во Лигата на шампионите?!

БОМБА: Белград кандидат за домаќин во финале во Лигата на шампионите?!

stadion

Вистинска бомба ни пристигнува од соседството – Белград ќе конкурира за домаќин на финалето во Лигата на шампионите!

Српски „Курир“ денес ексклузивно објави дека Белград ќе се кандидира за домаќин на финалето во Лигата на шампионите за 2025 година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според нивните информации, срспката престолнина нема да биде само конкурент, туку и еден од фаворитите да ја добие организацијата на еден од најважните натпревари во светот на фудбалот.

УЕФА Суперкупот се играше во Скопје, финалето на Лигата на Европа во Букурешт, а планот на европската куќа на фудбалот е и финалето во Лигата на шампионите да се одигра на овие простори!

Очекувањата се Србија да достави кандидатура во 2022 година кога ќе има современ стадион со капацитет од 60.000 места, како и потребна инфраструктура во неговата околина.

Ќе потсетиме од јануари минатата година познато е дека Србија ќе гради нов Национален стадион во Сурчин. Вредноста на овој проект изнесува 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…