Севиља игра одлично оваа сезона, но донително го засили тимот во зимскиот преоден рок. После претставувањето на Мунир е на добар пат да официјализира уште едно засилување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за играчот на Наполи и хрватски репрезентативец Марко Рог, кој е на чекор од трансфер во Севиља.
„Марко Рог е слободен да замине во Севиља. Преговараме со него и мислиме дека тоа би била добра опција. Сепак, не можеме да го продадеме“.
„Може да мине неколку месеци во Севиља, а потоа да ни се врати. Не сакаме да ја прифатиме понудата која ќе има опција за откуп“, откри директорот на Наполи.
Марко Рог пристигна во Наполи во 2016. година, но не добива многу шанса за игра, па поради тоа италијанскиот клуб е спремен да го пушти на позајмица.