Дома Трансфер зона Изненадување: ПСЖ пред ангажман на засилување од Премиер лигата!

Изненадување: ПСЖ пред ангажман на засилување од Премиер лигата!

Адриен Рабио не патува со ПСЖ на припремите во Доха тоа го потврди клубот и тоа е уште еден доказ дека заминува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Замената за Рабио може да пристигне од Премиер лигата и тоа редовите на Евертон! Идриз Геја од Евертон е пред трансфер во Париз за сума од 30 милиони евра, пишува утрово „Л’Eкип“.

Истиот извор наведува дека ПСЖ ја одредил и цената на Рабио за овој преоден рок и таа е 15 милиони евра.

Геја наводно е блиску до Париз. Преговорите се започнати и треба да бидат завршени максималната цена е 30 милиони евра. Интересно е дека за оваа зделка од ПСЖ повторно го ангажираа Пини Захави да им ја заврши работата, како и во случајот на Нејмар.

Сенегалецот во Евертон има одлична статистика и е прв по бројот на успешни стартови во Премиер лигата – 238 и втор кога во прашање се пресечните топки – 189.

https://www.youtube.com/watch?v=8SViMUoiyr4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…