Денес од 18:00 часот Македонија го игра натпреварот против Хрватска на Светското првенство во Данска и Германија и ова сигурно е најсериозниот тест досега за избраниците на Гонзалес.
Натпреварот против Хрватска е од исклучителна важност затоа што оној што ќе победи ќе носи бодови во следната фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватите се фаворити во овој натпревар, но и влегуваат во натпреварот со голема доза на претпазливост и голем респект кон нас.
Пред овој натпревар Хрватите не опишуваат како силна репрезентација и стравуваат дека можеме да им направиме проблеми.
„На голот го имаат Борко Ристовски кој две години бранеше во Барселона, а минатото лето замина во Бенфика. Судејќи според она што го видовме против Јапонија Ристовски е во фантастична форма и ќе биде важен човек на Македонија против нас. Ќе брани најмалку 50 минути, дури и ако не му оди“, пишува хрватски „24часа“.
Потоа следуваше опсиот и на нашиот капитен.
„Десно стандардно е Кире Лазаров, најдобриот стрелец на скоро сите големи натпреварувања. Има 38 години, но игра во врвна форма. Против Бахреин постигна осум гола и беше најефикасен кај Македонија“.
Според нив нашата најголема слабост на овие турнири е што немаме силна клупа, но сега сме на почеток на натпреварувањето.
„Лазаров како и целата македонска репрезентација, обично паѓа како што тече турнирот, но ова е почеток на и Македонија може да биде и тоа како опасна“.
За слаба точка (ако има) ја сметаат позицијата на десно крило каде што кај нас се менуваат Георгиевски и Поповски. За нив овие двајца не се иста класа како Манасков на левата страна.
Комплетниот текст за нашата селекција можете да го прочитате тука.