Дома Македонски спорт Кире и Борко помеѓу најдобрите на Светското првенство!

Кире и Борко помеѓу најдобрите на Светското првенство!

Македонија денес го игра третиот натпревар на Светското првенство против Хрватска и ја „брка“ третата победа.

Во првите два натпревари ги победивме Јапонија и Бахреин, па Хрватите се првиот посериозен тест. Традицијата баш и не ни оди во прилог – имаме една победа во пет официјални натпревари.

Но, можеме да бидеме сигурни дека имаме ракометари кои можат одново да не израдуваат.

Капитенот Кире Лазаров после две кола е втор на листата на стрелци на Мундијалот. Кире има постигнато 16 гола и се наоѓа зад Уве Генсхајмер од Германија кој има постигнато еден повеќе.

Освен Кире помеѓу најдобрите е „министерит за одбрана“, Борко Ристовски. Борко има одбранети 25 од 62 шута кон неговиот или 40% одбранети удари. Оваа одлична статистика Борко го сместува на осмата позиција. Прв во оваа категорија е Николас Ландин од Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Консевич го отвора македонскиот настап во Астана, шестмина борачи чекаат ред

Вероника Консевич денеска се соочува со Нигеријката Адијат Идрис во категоријата до 55 кил…