Дефанзивецот на Малага и шпански репрезентативец до У17, Хосе Лопес Мартинес потпиша договор со Реал Мадрид, пренесува „Марка“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мартинес веќе пристигна во Мадрид и во средата тој беше на трибините на „Сантиаго Бернабеу“ на мечот со Леванте.
После натпреварот агентите на играчот ги договориле сите детали со раководството на Реал Мадрид.
Мартинес важи за еден од најголемите таленти во Шпанија и за него интерес покажуваа многу европски клубови.