Се поизвесно е дека Еден Азар ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната откако одби да го продолжи договорот, па „сините“ веќе ја почнаа потрагата по негов заменик.
Челзи веќе го договори трансферот на Пулишиќ, но „сините“ вистински наследник на Азар гледаат во ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Асенсио важи за еден од најголемите таленти во Европа, иако се чини дека оваа сезона и тој се вклупи во сивилото на тимот. Со доаѓањето на Азар на „Сантиаго Бернабеу“ неговата минутажа додатно ќе се намали, па би можел да ја промени средината следното лето.
„Дон Балон“ пренесува дека Челзи е спремен да плати 85 милиони евра за неговиот потпис, а не е исклучена и трампа со Азар.