Кризата со повреди го принуди раководството на Ливерпул да побара засилување во одбраната во зимскиот преоден рок.
Англиските медуми пренесуваат дека на радарот на „црвените“ е играчот на Барнли, Џејмс Тарковски. Ливерпул сака да го донесе дефанзивецот на позајмица, но Барнли постави висока цена од 50 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во мометов тројца дефанзивци на Ливерпул се надвор од тимот поради повреда. Матип има фрактура на клучната коска, Џо Гомес фрактура на ногата, додека Ловрен има повреда на бутниот мускул.
Против Вулверхемптон, Клоп беше принуден во дефанзива да го игра Фабињо како и 16-годишниот Хувар.
Поради тоа Клоп сака да донесе еден дефанзивец во зимскиот преоден рок, бидејќи неговиот тим се бори на повеќе фронтови оваа сезона.
Liverpool make shock move for James Tarkowski | @DavidWoodsStar https://t.co/ie6E5hr0Gn pic.twitter.com/XUWQCJ2HHQ
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) January 10, 2019