Братот и менаџер на Гонзало Игуаин, Николас денес пристигна во Лондон каде ќе има претставници со раководството на Челзи, пренесуваат англиските медиуми.
Челзи сака да го донесе напаѓачот кој е во сопственос на Јувентус, но во моментов е на позајмица во Милан. Тоа го прави трансферот исклучително комплициран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на „сините“ Маурицио Сари го сака Игуаин по секоја цена, но раководството на Челзи не сака да инвестира толкават сума во играч кој веќе има 31 година.
Мората не ги задоволи очекувањата и е на излезна врата, па поради тоа Челзи е во потрага по нов напаѓач. Меѓутоа денес Валенсија потврди дека ја прекинува позајмицата на Батчуаи и го враќа на „Стенфорд Бриџ“.
Милан не сака да се отаже од Игуаин без да добие гаранции дека ќе го добие Мората во преговорите, па трансферот во овој момент изгледа скоро „невозможна мисија“.