Дома Фудбал Англија Клоп: Такви глупости само вие можете да прашате

Клоп: Такви глупости само вие можете да прашате

Новинарите со едно прашање посебно го изнервираа Јирген Клоп…

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Медиумите на Островот ги интересираше дали Клоп поради повредите ќе мора да купи стопер во јануари, а сигурно не очекуваа одговор каков што добија.

„Тоа се глупости и такво нешто само вие можете да прашате. Имаме четири стопери, два ипол од нив се повредени“, алудираше на изостанувањето на Гомез и Матип, како и повредата на Ловрен против Вулвс во ФА купот, остана само Ван Дијк, но и тој е уморен.

Се споменуваше Тарковски од Барнли како потенцијално решение, но Дајс не сака да се откаже од репрезентацијата на Англија и бара огромна сума од 60 милиони евра.

Клоп против Вулверхемптон на местото на Ловрен во игра го пушти 16 годишниот Хорвер.

Како и да е, што и да прави Клоп сигурно нема да купува стопер.

„Мораме да смислиме нешто, имаме четири стопери, не можеме да купуваме некого за два или три месеци, а после да му кажете во ред е сега ни се вратија играчите“, потенцираше Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ и Баерн вчера не поставија рекорд: На еден натпревар во Лигата на шампионите се постигнаа 12 гола (Видео)

Спектаклот во Париз помеѓу ПСЖ и Баерн, кое заврши со резултат 5:4, остави впечатоци кај ф…