Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид се вклучи во трката за Мората

Атлетико Мадрид се вклучи во трката за Мората

Иднината на Мората е главна тема овие денови, па шпанскиот напаѓач веројатно ќе го напушти Челзи во зимскиот преоден рок.

Мората и оваа сезона не ги оправда очекувањата на „Стенфорд Бриџ“, па јасно е дека не се навикна на англискиот фудбал и сака да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сините“ се во потрага по нов напаѓач и ќе му дозволат на Мората да замине, а како фаворит за неговиот потпис до сега важеше Севиља.

Меѓутоа, во трката за потписот на Мората сега се вклучи и Атлетико Мадрид. Диего Симеоне верува дека Шпанецот ќе биде идеален партнер на Гризман во нападот и замена за Диего Коста.

Мората е „дете“ на Реал Мадрид, па прашање е дали ќе се согласи да се пресели во големиот ривал на својот матичен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…