Братот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба, Флорентин зборуваше во шпанските медиуми за поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи“ и неговиот начин на работа на „Олд Трафрод“.
Додека Жозе Мурињо беше во Манчестер Јунајтед медиумите на Островот беа полни со вести дека Мурињо не се сложува најдобро со Пол Погба. Дури се појави и снимка од тренингот на кој Погба упати еден ладен поглед кон Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега отворено за проблемите во соблекувалната на Јунајтед зборуваше братот на играчот за врска на Јунајтед.
„Проблемот беше Мурињо и ништо повеќе. Во соблекувалната, надвор, секаде тој беше проблемот. Она што го видов кај Мурињо е дека секогаш сакаше да биде во центарот на вниманието. Пол треба да го почитуваш, тогаш и тој ќе почитува тебе. Ако му веруваш секогаш ќе го дава најдоброто од себе“, изјави Флорентин Погба.
Иначе, Флорентин како и Погба е професионален фудбалер, но со далеку помала кариера. Во овој момент е на проба во Елче. Претходно настапуваше за Генчелербли, Сент Етјен, Седан и Селта Б.