Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо го стопирал трансферот на Хакан Чалханоглу во Лајпциг, пренесува „Скај Италија“.
Турскиот репрезентативец наводно ги договорил личните услови со германскиот клуб, кој веќе подолго време се интересира за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководствата на Милан и Лајпциг започнале преговори за трансферот и биле блиску до договор, но Гатузо ставил „вето“ и не сака да се откаже од Чалханоглу.
Чалханоглу оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво, но е поливалентен играч кој може да игра на неколку позиции во тимот, па Гатузо сака да го задржи по секоја цена.
RB Leipzig have reportedly agreed terms with Hakan Calhanoglu, but Milan Coach Gennaro Gattuso is blocking the transfer. [Sky Sports Italia] pic.twitter.com/zM7RabjUWx
— The 12th Man (@The12thMan_foot) January 8, 2019