Легендарниот Аргентинец истакнува дека нема потреба за загриженост.
Веста дека Диего Марадона е итно пренесен во болница во текот на вчерашната вечер ја загрижи фудбаската јавност.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Марадона доби илјадници пораки на друштвените мрежи, а тој неколку часа подоцна самиот се огласи и им порача на своите фанови дека е добро.
„Сакам да ви се заблагодарам на пораките за охрабрување. Жал ми е што е се грижевте без причина. Сакам да ви кажам дека ништо не се случи. Се грижам за моите внуци Бењо и Диегито Матијас, како и за мојот син Диего Фернандо. Ви испраќам бакнеж на сите“, напиша Марадона на својот Инстаграм профил.