Натаниел Клајн по доаѓањето во Ливерпул од Саутемптон во 2015 година требаше да биде решение за десната бековска позиција.
Првите две сезони играше редовно во првиот тим, но оваа сезона го загуби местото поради одличниот Алексадер Арнолд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клајн имаше и една тешка повреда која на подолг период го оддалечи од терените, па има потреба од поголема минутажа за да влезе во форма.
Поради тоа Ливерпул одлучи да го пушти на позајмица до крајот на сезоната во Борнмут.
„Скај Спорт“ пренесува дека двата клуба ги договориле сите детали и трансферот треба да биде официјализиран наскоро.
BREAKING: @afcbournemouth agree deal to sign Nathaniel Clyne on loan from @LFC until the end of the season. #SSN pic.twitter.com/TnZp0Nxi5g
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 4, 2019