Дома Трансфер зона Вернер го одби новиот договор, пет клуба ја следат ситуацијата

Вернер го одби новиот договор, пет клуба ја следат ситуацијата

Напаѓачот на Лајпциг и германски репрезентативец, Тимо Вернер не сака да го продолжи договорот со клубот, пренесуваат германските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради тоа Лајпциг одлучи да го стави напаѓачот на трансфер листа, бидејќи неговиот договор истекува во 2020 година, па Вернер ќе може да си замине уште во зимскиот преоден рок.

Клубот за неговата слобода бара помеѓу 60 и 70 милиони евра, а фаворити за неговиот потпис се Баерн Минхен, Ливерпул и Атлетико Мадрид. Интерес за Германецот исто така покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус.

Претседателот на Лајпциг, Оливер Минцлаф изјави дека Вернер ќе биде продаден доколку не потпише нов договор. 22-годишниот Германец оваа сезона одигра 21 меч и постигна 13 гола и 3 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…