Дома Фудбал Англија Дали Де Брујн ќе биде спремен за Ливерпул?

Дали Де Брујн ќе биде спремен за Ливерпул?

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујн го одработи денешниот тренениг заедно со соиграчите пред големото дерби против Ливерпул.

Утре Манчестер Сити го дочекува Ливерпул со заостаток од седум бода на табелата, па за „граѓаните“ ова е можеби најважниот натпрвар во сезоната.

На само ден пред големото дерби стигна добра вест за Гаврдиола, бидејќи Де Брујн се врати од повредата и го одработи тренингот со остатокот од тимот.

„Денес тренираше нормално. Се чувствува многу подобро, но утре ќе одлучам дали ќе игра против Ливерпул“, изјави Гвардиола.

Натпреварот Манчестер Сити – Ливерпул на програмата е утре од 21:00 часот, а мечот може да биде клучен за шампионската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сопругата на фудбалер на Барса го „пецна“ Диоманде и тој ѝ возврати со жесток одговор!

Почетокот на сезоната во Шпанија донесе нова интересна приказна надвор од теренот, а во не…