Дома Трансфер зона Челзи во последен момент се откажал од Иско, познато и зошто!

Челзи во последен момент се откажал од Иско, познато и зошто!

Раководството од Челзи се откажало од намерата да го донесе плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско во своите редови, пренесува „Сан“.

Од „Стенфорд Бриџ“ биле убедени во добар исход на зделката, откако биле спремни да понудат 75 милиони фунти за играчот. Наводно „сините“ веќе се договориле со Иско за неделна плата од 250.000 фунти, заедно со одредени бонуси при потпишувањето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа, Иско во последен монент разбрал за интересот од страна на Пари Сент Жермен и од Челзи побарал повисока плата од договорената.

Тоа го натерало раководството на Челзи да го смени мислињето и биде убедени дека Иско повеќе го интересираат парите, откако возможноста да игра за англискиот клуб.

Во меѓувреме „сините“ го комплетираа трансферот на Кристиан Пулишиќ од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра и се откажаа од Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…